Филмско патување низ Охридското Езеро што ја слави неговата вечност. Од геолошкото создавање, преку антиката, мистичниот среден век, Отоманскиот период, до пулсот на XX век и денешниот жив ритам. Проекција преку која ќе ја почувствувате магијата на Охрид во друга димензија - како патување низ времето што го обединува минатото и сегашноста во едно доживување. Инспиративна приказна за континуитетот на животот и културата, за водата што памети и за градот што дише со векови.